Трибина „Стоп за семејното насилство“ во Виница
Координација и поврзување на надлежните институции, измени во постоечката законска регулатива и отворање психолошко советувалиште и прифатен центар се главните приоритети за да им се овозможи на жртвите на семејното насилство да се заштитат и да ги остварат своите права, беше еден од заклучоците на трибината „Стоп за семејното насилство“ што ја организираше Комисијата за еднакви права на жените и мажите на Општина Виница.
На трибината на која имаше претставници од јавните институции, од училиштата, од невладиниот сектор и од Центарот за креативен развој, едукација и психотерапија „Аспекти“, лични искуства споделија и жени кои биле жртви на семејно насилство, при што ја нагласија потребата од поголема поддршка на институциите со прифатен центар во кој би биле згрижени тие и нивните деца.
– Неопходно е прилагодување и поинаков пристап во имплементацијата на законската регулатива за да им се помогне на жртвите на семејно насилство, најчесто жените. Според бројот на поднесени пријави, најзастапено е физичкото насилство, но не се исклучени зачестените случаи на психичко малтретирање кое сè уште се крие поради срамот од јавноста, па институциите немаат точен увид. Во најголем број случаи во семејствата кај кои е регистрирано насилство, насилникот е алкохоличар, но влијание имаат и одредени традиционални ставови и предрасуди за улогата на мажот и жената во семејството, истакна Радмила Манчевска, гешталт психолог во Центарот „Аспекти“.
Дел од жртвите на семејно насилство во Виница се опфатени со мерките од оперативниот план на Владата, а во соработка со Агенцијата за вработување се вклучени во општинската програма за општокорисна работа.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?