Трибина за Дигитализација на јавните услуги во Битола
Во Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола денеска ќе се одржи петтата од серија јавни трибини за Дигитализација на јавните услуги во Република Македонија.
На трибината, како што информираат од МИОА, ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација. Посебен фокус ќе се стави на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи, значително олеснувајќи го административниот процес.
За дигитализацијата на земјата ќе говори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, а свој осврт ќе даде и градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. На трибината ќе се обрати и проректорот за настава проф. д-р Игор Неделковски.
Ново на Сител
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче