Триесет египетски полицајци убиени во престрелка со исламистичка група

Најмалку 30 египетски полициски офицери се убиени вчера во престрелка со исламистичка група во областа Бахрија во западниот дел на Египет, соопштија официјални претставници.
Претходно безбедносни извори соопштија дека во инцидентот загинале 16 полицајци, а повеќемина се повредени.
Египетските безбедносни сили нападнале упориште на исламистичката група Хасм, за која се смета дека е поврзана со Муслиманското Братство и дека е одговорна за серија напади врз полициски команданти и судии. Исламистите се обиделе да побегнат од полицијата, но дел од нив дале отпор при што се започнала престрелка со полициските засилувања. Групата користела и бомби во пресметката со полицијата.
Стотици војници и полицајци се убиени во неколкугодишните судири со Муслиманското Братство, група која дојде на власт по Арапската Пролет во 2012 година, но беше соборена по државниот удар во 2013 година.
Ново на Сител
-

Трамп го прекина интервјуто за Ен-би-си, ги нарече медиумите „расипани“
-

Во Скопје во еден ден пронајдени тројца починати мажи
-

Зеленски: Русија повторно ја гаѓаше нуклеарната централа Чернобил
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, пет биле без возачка дозвола
-

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице
-

Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“
-

Кривична за 29-годишен дебранец кој возел без возачка, пијан и ги нападнал полицајците
-

Николоски: За околу два месеци ќе добиеме модерен, проширен и целосно нов реконструиран аеродорм во Охрид
