Триесет и две години од изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна Република Македонија
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил со објава по повод 32 години од изборот на Киро Глигоров за прв претседател на независна и суверена Република Македонија.
Тој го имаше првото обраќање на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија на 8 април 1993 година стана 181-та членка на Светската организација.
На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата Македонија во непосредна близина на хотелот „Бристол”.
По завршувањето на неговиот мандат како претседател беше посветен на публицистичка дејност, а меѓу делата е автор и на книгата „Македонија е сè што имаме” (2001).
Почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во неговиот дом на 94-годишна возраст.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар