Трифуновски - Ангелов: Потврдена подготвеноста за изградба на железничкиот Коридор 8
Директорот на ЈП за железничка инфраструктура-Железници на РСМ, Зоран Трифуновски и амбасадорот на Бугарија во државава Ангел Ангелов одржале средба на која дискутирале за спроведувањето на активностите за изградба на железничкиот Коридор 8.
-На средбата беше дискутирано за железничкиот Коридор 8, односно за неговата имплементација во наредниот период. На состанокот се потврди заедничката волја и подготвеноста на сите засегнати страни за изградба и развој на источниот крак од железничкиот Коридор 8, соопшти по средбата ЈП за железничка инфраструктура -Железници на РСМ.
На источниот крак од Коридорот 8 во државава треба да се изгради пругата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка со која железнички ќе се поврземе со Бугарија, а од крајот на октомври минатата година повторно има активности за првите две делници.
Ново на Сител
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
-

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица
-

Серија средби на Мицкоски во Њујорк
-

Пратенички прашања во Собранието
