Тримесечна обука за 30 млади пожарникари

Триесет кандидати вработени во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје денеска го одржаа првиот час од обуката за образовниот профил - професионален пожарникар за која Град Скопје склучи договор со средното училиште „Марија Кири - Склодовска“, а со која ќе добијат Диплома за положен завршен испит во специјалистичкото образование.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој присуствуваше на часот појасни дека од Министерството за образование и наука, училиштето добило верификација за реализација на наставниот план и наставните програми во специјалистичкото образование.
- Се надевам дека сите вие коишто успешно ги поминавте психофизичките тестови успешно ќе ја завршите и оваа обука и ќе станете професионални пожарникари коишто ќе ги штитат човечките животи и материјалните добра на граѓаните, порача Трајановски.

Воспитно - образовниот процес ќе се одвива во посебна, специјализирана училница којашто е опремена со сите потребни наставни средства, помагала и нагледни средства (учебници, топографски карти и друго) коишто ќе се користат во текот на наставата. Наставата ќе опфати 720 наставни часови, во период од минимум три месеци, а ќе ја изведуваат наставници од училиштето, надворешни соработници, предавачи и лица од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Градоначалникот Трајановски го најави и отворањето на два нови пункта на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во Цементарница и во Шуто Оризари.
Звонко Томески, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје истакна дека со нетрпение ги очекуваат новите колеги затоа што просечната старост на бригадата е 45 години.
За спроведување на оваа обука од Буџетот на Градот Скопје се издвоени еден милион денари.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
