Тринаесет социјални претпријатија ќе ги зајакнуваат капацитетите
Tринаесет социјални претпријатија од Македонија од денеска до крај на јуни ќе бидат дел од акцелераторска програма преку која ќе ги зајакнат своите капацитети и ќе го зголемат импактот во решавањето на проблемот што го детектирале.
Социјалните претпријатија во рамки на акцелераторската програма ќе имаат можност да ги следат следните фази - бизнис дизајн, менторирање и развој на комуникациски вештини.
Во рамки на последната фаза од процесот ќе можат да учествуваат на локален Warmup ден, преку кој се обезбедува влез во програма која опфаќа менторирање и подобрување на капацитетите на социјалните претпријатија користејќи ги менторите од мрежата на Impact Hub Vienna, во времетраење од четири до шест месеци, со неколку посети во Виена. Модулите во рамки на оваа програма, учесниците ќе ги следат во Impact Hub Vienna.
Дел од нив ќе имаат можност да ги презентираат своите бизниси пред импакт инвеститори во Виена.
Програмата ќе биде целосно бесплатна за социјалните бизниси. Таа е поддржана од Одделот за техничка поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE DF), а имплементиран од Social Impact Lab од Скопје.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања