Трипуновски: Млеко и протеински јогурт со зголемено ниво на амфлатоксин завршило во Македонија, Бабовски да си поднесе оставка
Почитувани,
Денеска ќе презентираме нови докази за неквалитетно млеко и млечни производи кои завршиле на македонскиот пазар.
Ова е едниот резултат кој го презентирам на јавноста, се работи за протеински јогурт увезен од Република Србија, и од него се гледа зголемено ниво на амфлатоксин, вториот документ е лабораториски извештај за млеко од една млекарница од Република Македонија, која исто така покажува присуство на амфлатоксин над дозволената граница.
Јавно прашуваме дали протеинскиот јогурт од соседна Србија и млекото од млекарница во Македонија се пуштени во промет, или истото е преработено и се наоѓа на некој по рафтовите ширум маркетите во Република Македонија?
Овие документи се уште еден показател дека контролата на млекото и млечните производи, како домашни, така и од увоз, АХВ не ги прави согласно потребите да ги заштити граѓаните од злоупотреби. Сакам да нотирам и дека Националниот систем за брзо известување не функционира, односно вакви известувања не се нотирано.
Дополнително АХВ прибегнува кон крајно опасна стратегија за народот, а тоа е криење на податоци и неизвестување на јавноста ако се пронајде храна која може да биде опасна по човековото здравје.
Имено АХВ не ја информираше навреме јавноста дека постои потенцијална опасност од увезено и домашно млеко, туку откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени, од АХВ глумат дека работат на случајот.
Уште повеќе сме загрижени поради фактот што АХВ не покажа документ дека пратките се вратени или уништени, што создава сожнеж дека тоа млеко е завршено низ Македонија, наместо да се врати во државата на извоз или да се соодветно уништи.
Апелирам на Бабовски кој веќе трет ден е на службено патување, наместо да шета на државен трошок, веднаш да се врсти и да си поднесе оставка за сите хаварии кои што ги направи откако директорува со АХВ.
Со оваа власт животот на граѓаните постојано се загрозува, едно од криминал, а друго од неодговорното работење. Потребни се промени, а тогаш ќе има одговорност за несовесното работење во АХВ и во МЗШВ.


Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
