Свет
19. January 2016 - 11:20

Триста населени места во Украина се без струја поради сложените временски услови

Околу 300 населени места во Украина остануваат без струја поради сложените временски услови, соопшти прес-центарот на државната служба за вонредни ситуации, пренесува ТАСС. Најмногу погодени се Херсонската и Николаевската област, во јужниот дел на земјата.

Струјата таму беше прекината во текот на ноќта наспроти 18 јануари поради силните налети на ветрот, наносите од снег, одмрзнување на далноводите и исклучување на нивните заштитни системи.