Спорт плус
9. July 2017 - 10:46

Триумф на Франција во Светската лига

Одбојкарите на Франција триумфираа во Светкската лига откако во финалето го совладаа Бразил со 3-2 (21:25, 25:15, 25:23, 19:25, 15:13).

Ова е втора титула за триколорите кои во 2015г ја совладаа Србија со 3-0. Во мечот за третото место Канада славеше со 3-1 против САД.

На Французите им припадна парична награда од 1 милион долари, додека Бразил и покрај поразот е најтрофејниот тим со 9 титули една повеќе од Италија.