Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска

Македонската кошаркарска репрезентација ја постигна втората победа во претквалификациите за Евробаскет 2029 откако вечерва во Даблин ја совлада Република Ирска со 88:76. Резултат по четвртини: 27:20; 13:22; 22:19 и 14:27.
Почетокот на дуелот мина во знак на домашната репрезентација, која на почетокот на вториот период ги имаше и највисоките +11 (31:20). Во продолжението македонските кошаркари направија серија од 15:2 и поведоа со 40:37. Во третиот период двете репрезентации се менуваа во водство, додека во последната четвртина Р.Ирска последен пат водеше со 69:68, на што македонските кошаркари одговорија со серија од 18:5 со што ја обезбедија новата победа.
Андреј Јакимовски со 26 и Џејкоб Вајли со 20 поени беа најефикасни во нашата репрезентација. Во вториот дуел од групата А одигран денеска Луксембург го совлада Азербејџан на гости со 95:90. Македонските кошаркари заедно со селекцијата на Луксембург по две кола имаат по две победи.
Следниот натпревар избраниците на селекторот Марјан Илиевски го играат на 27.февруари 2026 против Луксембург на домашен терен.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен гевгеличанец, возел со 2,35 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-

Мурињо за исклучување со Порто: Не сакав да ја шутнам топката кон нивната клупа, но мојата техника не е совршена
-

Чави го обвини Лапорта за неуспешниот трансфер на Меси во Барселона во 2022 година
-

Цените на горивата кај нас, и по поскапувањето, меѓу најниските во регионот и Европа
-

Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 12 до 18 степени
-

Лафчиски ја заокружи посетата на Пентагон: Потврдена високата доверба и соработката меѓу армиите на Македонија и на САД
-

Трамп: Војната со Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје
-

Масовни маршеви во Иран во поддршка на новиот врховен водач
