Македонија
5. December 2018 - 8:32

Тркалезна маса „Европска интеграција и младинска мобилност: како од одлив до прилив на кадар?“

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) во соработка со Француската амбасада денеска во хотел „Мериот“ организира тркалезна маса насловена „Европска интеграција и младинска мобилност: како од одлив до прилив на кадар?“.

На тркалезната маса ќе се претстави истражувањето на оваа тема што ЦИКП го спроведе во периодот од јули до октомври 2018 година преку анкета на млади лица и интервјуа со претставници на соодветни институции и организации од областа на младинските политики.

Во својство на домаќини на настанот ќе се обратат директорката на ЦИКП, Марија Ристеска и амбасадорот на Француската Република Кристијан Тимоние.