Тркалезна маса „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“

Во организација на Академијата за европска интеграција (АЕИ) денеска ќе се одржи панел тркалезна маса на тема „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“.
Како што информираат од Академијата, модератор на настанот ќе биде директорот на АЕИ во Скопје, Васко Наумовски, а обраќања ќе имаат амбасадорот на Австрија во Скопје Мартин Памер, основачот и претседател на Меѓународниот одбор на АЕИ во Скопје Габриел Лански, како и претседателот на АЕИ Арлинд Зеќири.
Предавачи на панел дискусијата, пак, од АЕИ велат ќе бидат експерти и практичари во областа на интеграцијата и Европската унија, односно судијката во Европскиот суд на правдата, како и поранешна министерка за правда во Австрија Мариа Бергер, поранешниот директор на Југоисточна Европа и проширување на ЕУ при Министерството за надворешни работи на Австрија, Клаус Воелфер, замен-министерката за европски прашања во Северна Македонија Викторија Трајков, како и е Герхард Јарош, раководител на меѓународно кривично право во ЛГП Груп и поранешен заменик-главен обвинител во Виена.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
