Тркалезна маса во рамки на 6. „ПРО-ЗА Балкан“
На вториот ден од 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, денеска во ЕУ Инфоцентарот ќе се одржи тркалезна маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во 21 век“.
Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата „Скопје фелоушип“. Фестивалот ќе организира и средба на гостинските автори со нивните читатели во книжарницата „Икона“ во ТЦ „Скопје сити мол“ вечер во 18.30 часот.
Учесници на шестиот „ПРО-ЗА Балкан“ се Роберт Перишиќ од Хрватска, Фросина Пармаковска од Македонија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина, Афер Тунч од Турција и Јуриј Худолин од Словенија. Српскиот писател Светислав Басара, кој е и добитник на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“ од здравствени причини не присуствува на фестивалот.
„ПРО-ЗА Балкан“ почна вчера и ќе заврши утревечер во Даут-пашиниот амам каде што писателите ќе читаат извадоци од своите дела.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот