Тркалезна маса за енергетската сиромаштија во земјава

Тркалезна маса на тема „Што претставува енергетската сиромаштија – дефиниција и препораки за нејзино намалување“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ финансиран од програмата Интелегентна Енергија Европа - Intelligent Energy Europe (IEE).
Тркалезната маса предвидува претставување на резултатите од проектот „Намалување на потрошувачката на енергијата и менување на навиките“ пред пошироката јавност. Целта е да поттикне дискусија за дефинирање на енергетската сиромаштија во земјава и преку формирање заедничка платформа да создаде препораки за нејзино намалување.
Проект го спроведува Здружението МАЦЕФ - Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ).
МАЦЕФ во соработка со ЕТУЦ „Михајло Пупин“ и Општинската организација на Црвен Крст Гази Баба во 2016 година, а во рамки на проектот, изврши анкетирање, анализа и доделување на уреди за рационално користење на енергијата (во вредност од 30 евра по домаќинство) на 400 енергетско сиромашни домаќинства во реонот на градот Скопје.
Според направените анализи се дојде до заклучок дека потенцијалните заштеди на енергија при користењето на уредите за рационално користење енергија во овие домаќинства се на ниво од 3-5 проценти на електрична енергија и 5-7 отсто топлинска енергија, што значи дека постои реална можност за намалување на потрошувачката на енергија со ваквиот пристап. На овие домаќинства, воедно им се доделени и прирачници за ефикасно користење на енергијата со цел постепено менување на навиките кон рационална потрошувачка на енергија.
Реализацијата на проектот треба и се очекува да ја подигне свеста кај јавноста за енергетската сиромаштија земјава, но и да придонесе да се преземат дополнителни активности за нејзино намалување.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
