-->
-->
Трофеј број 31 за Ѓорческа во конкуренција на двојки
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа уште еден турнир во конкуренција на двојки го заврши со освојување на трофеј. Таа денеска заедно со Далила Јакупович од Словенија триумфираа на фјучрсот во Торино (награден фонд 25.000 долари).
Во финалето тие ги победија Алиса Матеучи од Италија и Софија Шапатава од Грузија со 6:3 и 6:3 во гемови за 74 минути игра. Ова за македонската тенисерка е вкупно 31.трофеј во конкуренција на двојки во нејзината кариера. Во 2016 година ова е чтврта титула, а вкупно петта за фјучрси од рангот на 25.000 долари. Инаку ова беше втора победа за Ѓорческа денеска откако претходно во полуфиналето во сингл ја победи Монсерат Гонзалез од Парагвај со 2-1 во сетови.
Утре во 11 часот нашата тенисерка ќе игра во финалето во поединечна конкуренција против нејзината партнерка од двојки Далила Јакупович. Ова воедно е реприза на финалето од претходната недела од турнирот во Штутгарт, каде победи Ѓорческа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
