Тројца инфицирани со ХИВ годинава во Штип

Три нови случаи со ХИВ инфекција се регистрирани годинава во Штип. Директорот на Центарот за јавно здравје-Штип, Велик Грков изјави дека првиот случај на заболен од СИДА во Штип е регистриран во 1987 година.
Посочи дека од тогаш до денеска има 12 заболени, од кои седум се ХИВ позитивни, а осум се болни од СИДА. Тројца од заболените се починати.
- Во Штип имаме три нови случаи од кои два се ХИВ позитивни, а едно лице е починато, рече Грков.
Истакна дека иако живееме во време, кога лесно може да се обезбедат информации за начинот на пренесување на оваа болест, но и како да се заштитиме, сепак, потенцира, се уште постојат непознавања од оваа област, посебно кај младата популација.
- Се прават напори да се запознаат и учениците и младите преку кампањи. Една од тие кампањи е и денешниот ден Светски ден на борба против СИДА-та. Меѓутоа, мислам дека се уште има непознаници кај младата популација. Затоа е потребна едукација која ќе биде континуирана, без прекин, преку медиумите, предавања, потенцира Грков.
Тој додаде дека во Програмата за работа на Центарот за јавно здравје-Штип имаат предвидено да одржат 60 предавања за оваа болест. Апелира оние кои имале ризични сексуални односи да направат тестирање во центрите за јавно здравје.
Ново на Сител
-

Нови животински видови во битолската Зоолошка Градина - Свет ибис, був, американски ракун...
-

Дожд и утринска магла во наредните денови
-

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела
-

Студентите на средба со премиерот и министеpката Јаневска
-

Сè помалку деца се раѓаат во Европа и Македонија – фертилитетот во ЕУ на најниско ниво од 2001 година
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
