-->
-->
Тројца малолетници нападнати кај Јаја Паша
-->
Тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години вчера биле нападнати на улицата „Цветан Димов“, кај Јаја Паша, во Скопје.
Како што информира денеска МВР, случајот вчера во 19:25 часот во ЕИК-Скопје го пријавиле од ГОБ „Св.Наум Охридски“. Во болницата биле донесени тројцата малолетници, од кои 16-годишно лице со повреда од остар предмет во пределот на десното рамо, уште едно 16-годишно лице со повреда од тврд предмет во пределот на главата и 17-годишно лице со две убодни рани од остар предмет.
По укажаната лекарска помош двете 16-годишни лица биле пуштени на домашно лекување, а 17-годишното лице е задржано на понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за утврдување на причините за нападот и пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција