Тројца починати од Ковид-19 во едно деноноќие во Делчево
Тројца починати од Ковид-19 во едно деноноќие во Делчево. Меѓу починатите од коронавирус е и истакнатиот музички работник Слободан Цобе Илиоски, од кого денеска градот се простува.
Делчево денеска загуби голем културен работник, се вели во објавата на Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков – Вапцаров“ по тој повод.
– Слободан Илиоски – Цобе е професор по музичка уметност во СОУ „М.М.Брицо“, долгогодишен соработник на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, прекрасен човек, колега, омилен меѓу учениците и граѓаните на Делчево. Во својот богат работен век, беше член на оркестарот и пеачката група „Распеани Делчевчани“, како и на групата „Делчевска тајфа“, а од 2009 година наваму работи како раководител на пеачката група „Ѓурѓа“ и оркестарот „Пијанечки еснафи“ како дел од работата на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“ од Делчево. Со овие ансамбли и групи има настапувано на многу концерти во нашата држава, но и надвор од неа, каде успешно ја презентира македонската песна.
Почивај во мир, драг и почитуван колега, вечна ти слава, се вели во прошталниот говор на колегите.
Во изминатото деноноќие, како што претходно соопштија здравствените надлежни, животот го загуби и 43 годишен судски работник од Делчево, како и 78 годишен жител на село Стамер.
Според надлежните, тестирањата продолжуваат и за очекување е и денеска да има нова бројка на заболени од Ковид-19.
-Добро во целата ситуација е што имаме многу негативни тестови и оздравени, што дава надеж дека оваа црна слика за состојбата со коронавирус во Делчево ќе биде надмината, истакнаа надлежните.
До денес до 12 часот во Делчево има 76 активни случаи со Ковид-19 од кои дел се жители на општина Македонска Каменица.
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија