Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
Во бура во југоисточен Мичиген од паднато дрво загинале три лица, а невремето остави без струја 400.000 домаќинства во пет американски сојузни држави, јавија синоќа дел од американските медиуми.
Според сервисот PowerOutage најпогодена од бурата била сојузната држава Мичиген каде без електрична енергија останале 248.200 домаќинства. Исто така, струја сè уште немаат десетици илјади домаќинства во Висконсин, Индијана, Мисисипи и Луизијана.
Според „Си-Би-Ес њуз“, во бурата во Мичиген од дрво паднато врз автомобил настрадале шестмина, при што тројца од патниците биле повредени, а тројца загинале.
Во средината на март во торнада што ги зафатија државите Северна Каролина, Џорџија, Тенеси, Алабама, Мисисипи, Мисури, Охајо и Мичиген загинаа околу шеесетина лица. Истовремено, бура погоди и делови од Арканзас, Илиноис, Индијана, Кентаки, Мисисипи, Мисури и Тексас. Околу 300 илјади луѓе останаа без електрична енергија. Се соопштуваше дека екстремното невреме е закана по животот на 138 милиони луѓе поради силниот ветер и интензивните песочни бури.
Ново на Сител
-
РСБСП со апел за велигденските празнични денови: Возете одговорно и безбедно!
-
Колумбија прогласи вонредна состојба поради жолта треска и смртни случаи
-
Кампања на Царинска управа „Стоп за корупција“ за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата
-
Шалтерите на ЈП Водовод и канализација - Скопје утре ќе работат до 15:30 часот, понеделник е неработен ден
-
Папата Франциск нема да ги предводи велигденските богослужби во Ватикан
-
Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица од денеска само по левиот тунел
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања