Тројно зголемена „црната листа” на ЕУ
Европската унија додаде 10 држави и територии на список на така наречени „даночни оази“, со што таа „црна листа“ се зголеми тројно.
На денешниот состанок, претставници на ЕУ треба да го усвојат новиот список, кој на 12 март ќе го потврдат министрите за финансии на земјите- членки на Унијата, информираат неименувани претставници на ЕУ.
На досегашната листа има пет држави и територии: Самоа, Тринидад и Тобаго, како и три територии во САД – Американска Самоа, Гуам и Американски Девствени Острови.
На нив треба да им се придружат Обединетите Арапски Емирати, Оман, британската територија Бермуда, како и уште некои карипски и пацифички острови, информира истиот претставник на ЕУ.
Инаку, 62 држави и територии ширум светот се обврзаа на усогласување со даночните стандарди на ЕУ. Од нив се бара да ги изменат своите прописи до февруари.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка