Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел искажа голем респект кон Реал Мадрид, противникот на Баварците во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
– Се надевам дека неколку играчи ќе ни се вратат назад во тимот, ќе имаме алтернативни опции и полна клупа. Во однос на тимскиот напор, подготвени се сите да се жртвуваат и заедно да ги издржиме тешкотиите. Нема друг начин да се игра на ова ниво.
Полуфиналето ќе биде сосема поинакво бидејќи стилот на Реал Мадрид е сосема поинаков од оној на Арсенал. Не сум го гледал премногу Реал Мадрид оваа сезона. Ова е еден од најтешките можни противници. Ќе играме во полуфиналето против најголемиот клуб во светот.Со нетрпение го очекуваме овој предизвик и се надеваме дека ќе бидеме на висина на задачата, изјави Тухел.
Во четвртфиналето, Баерн Минхен го совлада Арсенал (2:2, 1:0), а мадриѓаните го совладаа Манчестер сити (3:3, 1:1, 4:3 по пенали).
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
