Тупанчески: И без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на измените на Изборниот законик
Министерот за правда Никола Тупанчески вели дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик и дека е оптимист во однос на нивното донесување.
– Не секогаш се лесни начините со коишто се стигнува до соодветно решение, меѓутоа ќе направиме се и натаму она што го ветивме пред граѓаните, она што го ветивме пред себе си да добие и своја реализација. Така што не се откажуваме, и натаму продолжуваме со активностите коишто се поврзани со донесување на нов Изборен законик, рече Тупанчески на денешниот Регионален форум на тема „Хашката конвенција 2019-Очекувања за Западен Балкан”.
Тој истакна дека и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнат да работат на измените на Изборниот законик.
– Пративме уште еден допис до нив. Доколку не се произнесат, ние и без ВМРО-ДПМНЕ ќе почнеме да работиме на Изборниот законик. Секогаш е отворена поканата да се придружат да дадат свој предлог, своја номинација итн. Идејата е да постапиме по препораките на ОДИХР/ОБЕСЕ, меѓутоа и во однос на дефектите коишто беа констатирани при последните избори, рече Тупанчески, кој минатата недела уште еднаш упати отворена покана до опозицијата за да и се приклучи на Комисијата.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис