Турција ја блокира соработката на НАТО и Австрија
Споровите на одредени европски земји со Турција сега се одразуваат и на НАТО и на неговите партнери, што не се членки, бидејќи Анкара ги блокираше сите програми за партнерство со Алијансата, во кои учествува и Австрија, што може негативно да се одрази и на мисијата на Косово, Авганистан и Медитеранот, пишува „Велт“.
Од блокадите на Анкара најпрвин се погодени програмите за Партнерство за мир, во кои учествуваат 41 држава, меѓу кои и Австрија, што има најголем контингент на војници во составот на КФОР од земјите кои не се членки на НАТО.
- Турската блокада на програмата за Партнерство за мир е сериозен проблем, цитира „Велт“ неименуван извор од високите кругови на НАТО.
Повеќето земји-партнери, како што се Шведска или Финска во дописите до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупредиле на сериозно последици од блокадите од Анкара.
- Долгорочната ерозија на нашата интероперабилност може да биде пречка за нашата способност да учествуваме на важни вежби на Алијансата и да ја поддржиме операцијата на НАТО, се наведува во писмото на амбасадорката на Финска во НАТО Пирите Асунма.
Таа истакна дека тоа би било голема штета за двете страни, како за Финска така и за НАТО. Хелсинки не е член на Алијансата.
Анкара ги постави овие блокади како последица од барањето на Австрија за прекин на преговорите за пристапување на Турција кон Европската унија и критиките на Виена на сметка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Турција, претходно ја најави блокадата за Австрија на меѓународно ниво и се очекуваше дека ќе ја блокира и работата на ОБСЕ, каде оваа година преседава Виена.
Ново на Сител
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици