Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се уапсени 28 лица во врска со пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, пренесе ТРТ-Хабер.
Меѓу уапсените се и сопственикот на хотелот и 18 други лица, кои се задржани во притвор.
Говорејќи пред пратениците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Ердоган вети дека сите одговорни за трагедијата ќе бидат изнесени пред суд.
– Никој нема да избега од одговорност, нагласи турскиот претседател. Според првичните истраги, системот за детекција на пожар не функционирал, а во областа немало итни тимови за брза реакција.
Исто така, бројот на противпожарни апарати бил недоволен, а излезите за евакуација не ги исполнувале безбедносните стандарди.
Во пожарот на 21 јануари загинаа 78 лица, меѓу кои 36 деца, а повредени се 51 гостин. Во моментот на несреќата, во хотелот имало 238 гости.
Ново на Сител
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“