Турција се надева дека САД ќе ја прекинат поддршката на сириската курдска милиција
Турција се надева дека САД ќе ја прекинат политиката на поддршка за сириските курдски Сили за заштита на народот (СЗН), изјави турскиот вицепремиер Нуретин Џаникли.
Тој додаде дека Анкара не може да прифати дека САД, кои се нејзин партнер во НАТО, ја поддржуваат групацијата.
Изјавата на Џаникли е една од првите официјални реакции, откако американски претставници соопштија вчера дека претседателот на САД, Доналд Трамп одобрил доставување оружје за СЗН за поддршка на оперцијата за преземање на Рака од Исламска држава.
Анкара ја смета СЗН за сириски огранок на Курдската работничка партија, која се смета за терористичка организација од Турција, ЕУ и САД.
- Не можеме да го прифатиме присуството на терористички организации, кои би претставувале закана за иднината на турската држава, рече Џаникли во интервју за турската телевизија А Хабер.
- Се надеваме дека администрацијата на САД ќе стави крај на таа неправда и ќе се откаже од неа. Таквата политика нема да биде од корист, не можете да бидете во исто друштво со терористички организации, додаде тој.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се очекува да се сретне со Трамп следната недела во Вашингтон.
Ново на Сител
-
ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите
-
МОН: Се изработуваат шест закони од областа на образованието
-
ДЗР: Зголемување од 33,4% на Основниот Буџет, проследено со зголемување на јавниот и државниот долг
-
Мемеди: Модринките на четиримесечното доенче настанале од земање крв за анализа, нема дисциплинска постапка за медицинската сестра
-
Обвинение за пет лица во предметот „Грчец“, за останатите постапката ќе продолжи по нивно обезбедување
-
Ангелов: Пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола
-
Таравари: Не верувам дека постои здравствен работник којшто би бил подготвен да повреди дете од три месеци
-
Со четири хеликоптери и ер трактори се гасне пожарот на планината Серта од неготинска страна