-->
-->
Турција втор ден гранатира позиции на ИД во Сирија
-->
Турските сили денеска, втор ден по ред, гранатираат позиции на Исламската држава во северна Сирија, откако две минофрлачки гранати од сириската територија погодија турски пограничен град.
Како што објави турската телевизија „НТВ“, турската војска истрелала 40 гранати врз четири цели на ИД во Сирија.
Двете минофрлачки гранати, што го погодија Каркамис, не предизвикаа жртви.
- Каркамис се наоѓа во близина на сирискиот град Џараблус, каде сириските бунтовници кои ги поддржува Турција подготвуваат напад со цел да ја преземат контролата од ИД, изјави висок бунтовнички претставник.
Турската војска, почна вчера во одделни акции да ги гранатира позициите на силите на сириските курди и ИД во пограничните области на Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд