Туристички информатицвен центар во СРЦ Пониква

Општина Кочани ја заврши адаптацијата на една од општинските згради на Пониква која ќе работи како Туристички информативен центар – Пониква. Проектот, општината го доби преку Источниот плански регион, а е финансиран од Програмата за зачувување на природата во Македонија од Швајцарската агенција за развој и соработка.
- Главната цел на Туристичкиот информативен центар е да нуди што поголема достапност на информации за локалитетот и за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, но и да промовира зачувана и унапредена животна средина, одржливо користење на енергијата, развој на селективни видови туризам, како и да ги зајакнува институционалните и човечките капацитети за развој на туристизмот, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Во Туристичкиот информативен центар, според Димитровски, се вложени 3,2 милиони денари за реконструкција на објектот и за опремување и дворно уредување. Туристичкиот центар на Пониква располага со видиковци, двогледи и други инструменти за набљудување на околината. Со почетокот на змската туристичка сезона се очекува и неговата промоција.
Ново на Сител
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
