Турскиот министер за надворешни работи утре во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу утре ќе престојува во работна посета на Македонија.
Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека Чавушоглу ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со посебен акцент на натамошното продлабочување на економската соработка.
Двајцата министри ќе разговараат и за актуелните теми во регионот и пошироко, како и за соработката на меѓународен план.
Во рамки на посетата предвидено е министерот Чавушоглу да биде примен од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и од претседателот на Владата Зоран Заев.
Министрите Чавушоглу и Димитров ќе присуствуваат и на Ифтар вечера која во чест на турскиот министер за надворешни работи ќе ја организира Амбасадата на Република Турција во Скопје.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
