Турските и холандските инвестиции за поголема конкурентност на македонската економија

Како турските инвестиции во Македонија од околу една милијарда евра и холандските вредни над 400 милиони евра можат партнерски да се најдат на трети пазари. Ова ќе биде една од темите на седница на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија – Турција (МАТТО) што ќе се одржи вечер во 19 часот во хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје.
Како што соопшти МАТТО, економските стратегии на Турција и Холандија ја гледаат Македонија како на место на поврзување со ЕУ, централноазиските, кавкаските и северноафриканските пазари.
На седницата ќе стане збор и за влијанието на Кралството Холандија врз македонската економија, како и за тоа дали е реално со турските инвеститори да се соработува за пласман во трети земји. Предвидено е да зборуваат амбасадорите на Турција и Холандија, Омур Солендил и Воутер Пломп.
На членовите на Управниот одбор на МАТТО ќе им бидат презентирани програмите на холандска влада за унапредување на конкурентноста на македонските компании, како и холандската инвестиција за производство на расаден материјал, European Plant company, Тетово која реализира пласман, покрај другите земји, и во Турција и Казахкстан.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
