Турските обвинители издадоа наредби за апсење на 222 осомничени војници, наводни поддржувачи на Ѓулен
Турските обвинители денеска издадоа наредби за апсење на 222 војници што служат низ целата земја и во турскиот дел на Кипар, под сомнение дека се поддржувачи на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, јави турската државна агенција Анадолија.
ДПА пренесува дека според Анкара, Ѓулен, некогашниот соработник на претседателот Ердоган, е главниот инспиратор на неуспешниот пуч во 2016 година од страна на фракција во војската, што тој неколку пати го демантираше.
Полицијата во Истанбул, во 53 други турски градови и на Кипар почна рации за апсење на осомничените, а 50 веќе се приведени, се вели во извештајот. Меѓу осомничените имало војници од копнените, воздушните, поморските и жандармериските сили, како и крајбрежната стража.
Десетици илјади луѓе по неуспешниот воен удар во земјата се отпуштени од државна служба, а повеќе од 30.000 осомничени поддржувачи на Ѓулен се наоѓаат во затвор, пренесува ДПА
Ново на Сител
-
Приведени двајца дилери од Кичево
-
Приведена 50-годишна жена за кражба во продавница во Гостивар
-
Вархеји му честиташе на Вучевиќ: Се радувам на соработката за пристапување на Србија во ЕУ
-
Белград: Годишнина од масовното убиство во „Рибникар“ | ВИДЕО
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола