Балкан
20. July 2016 - 10:11

Турските власти го блокираа пристапот до страницата на Викиликс

Блокиран е  пристапот до страницата на Викиликс на територијата на Турција, откако организацијата објави приближно 300.000 електронски пораки на членови на владејачката Партија на правдата и развојот, пренесе ТАСС, повикувајќи се на објава на Викиликс на Твитер.

Претходно денеска Викиликс објави 294.548 документи од партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Организацијата во понеделникот утрината ја информира јавноста за објавување на турските документи, но потоа страницата беше подложена на хакерски напад.

Викиликс изрази сомнение дека е можно турските државни структури или нивни сојузници стојат зад нападот.

Викиликс се појави во 2006 година и за неколку години на својата веб-страница објави илјадници документи од доверлив карактер. Најголемо внимание привлекоа американски дипломатски преписки.