Турските власти издале нардба за апсење на 115 лица, осомничени за врски со движењето на Ѓулен
Турските власти издале наредба за апсење на 115 лица, во рамки на масовната истрага за неуспешниот обид за преврат од јули, јавуваат британските медиуми.
Турските власти вчера го приведоа Кутбетин Ѓулен, брат на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, а кого владата го обвинува за пропаднатиот пуч.
Кутбетин Ѓулен е обвинет дека е „член на вооружена терористичка организација“.
Неколку роднини на Ѓулен, вклучувајќи и негов внук, внука и братучеди, исто така, се уапсени по обидот за преврат од 15 јули.
Обвинителството на округот Сакарја, на 150 километри источно од Истанбул, почна истрага против 148 лица за претпоставени врски со движењето на Ѓулен, пренесе агенцијата Анадолија. Судот издал наредба за апсење на 115 од нив.
Истовремено, полицијата изврши акции во 27 окрузи во земјата со намера да ги проведе осомничените, посочува турската агенција.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости