Туск добил писмо од Џонсон во кое бара одложување на Брегзит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск потврди дека синоќа добил писмо од британскиот премиер Борис Џонсон во кое се бара одложување на Брегзит.
Туск наведе дека следат консултации со лидерите на Европската Унија.
Џонсон официјално побара од ЕУ да се пролонгира брегзит, но во исто време испрати и писмо во кое посочува дека тој лично е против одложувањето на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.
Британските пратеници вчера со 322 гласови „за“ и 306 „против“ го изгласа амандманот на пратеникот Оливер Летвин, со кој се пролонгира гласањето за договорот за брегзит, што Џонсон во четвртокот го усогласи со ЕУ. Со амандманот на Летвин се обезбедува Џонсон да не може да спроведи брегзит без договор на 31 октомври.
Во меѓувреме, председавачот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркоу изјави дека в понеделник ќе донесе одлука дали ќе и дозволи на Владата да го стави на гласање договорот за брегзит на премиерот Џонсон.
Во Парламентот има правило дека исто прашање не може двапати да се стави на гласање во текот на иста седница.
Ново на Сител
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
