Туск ја обвини полската Влада дека спроведува „план на Кремљ“

Претседателот на Европскиот совет ,Доналд Туск изрази загриженост поради сличноста на политиката на десничарската Влада на Полска, со она што го опиша како „план на Кремљ“.
- Аларм! Жесток спор со Украина, изолираност во Европската унија, отстапување од владеење на правото и независното судство, напад на невладиниот сектор и слободните медиуми - стратегија на партијата Право и правда (ПиС) или план на Кремљ ?, напиша Туск на Твитер, не прецизирајќи што подрзабира под „план на Кремљ“.
Полската премиерка Беата Шидло му одговори на Турск, исто така на Твитер.
- Доналд Туск како претседател на Европскиот совет ништо не направи за Полска. Денес, користејќи ја својата положба ја напаѓа полската Влада, тој ја напаѓа Полска, напиша таа.
Туск, кој е поранешен премиер на Полска и долгогодишен ривал на лидерот на ПиС Јарослав Качињски, во март освои втор мандат како претседател на Европскиот совет, а Полска беше единствеата земја што гласаше против.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има докази зошто Груби е во домашен, наместо во затворски притвор
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски
-

Македонија ја има хрватската поддршка за ЕУ
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
