Туск: Миграциската криза може да ја реши само обединета ЕУ

Европската унија може да ја реши миграциската криза само ако биде единствена, порача претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на денешната средба со чешкиот премиер Бохуслав Соботка во Прага.
Туск ја поздрави иницијативата на земјите на Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Унгарија) за поддршка на Македонија, додавајќи дека не смее да се заборави на членките на ЕУ, како на пример Грција, јави дописникот на МИА од Прага.
Земјите на В4, на вчерашниот вонреден Самит во Прага, на кој учествуваа и македонскиот претседател Ѓорге Иванов и бугарскиот премиер Бојко Борисов, се согласија дека ЕУ треба да ги поддржи токму овие две земји при реализацијата на нивните мерки за заштита на границите.
Шесте земји, заедно се единствени и за потребата од исполнување на договорот меѓу ЕУ и Турција и поддршка на напорот на Грција да ги исполни условите за членството во Шенген зоната.
- Билатерелната поддршка, која и ја понудивте на Македонија може да биде навистина значајна, посебно од поглед на хуманитарната ситуација на западниот Балкан, но не смее да се заборави на државите на ЕУ, рече Туск.
- Овие земји, имаат потреба од наша помош, можеби и зголемена, за да го совладаат мигрантскиот бран, додаде претседателот на Советот на ЕУ.
Соботка од Туск, побара да се забрза формирањето на заедничката европска погранична стража и изрази поддршка за реализација на договорот со Турција за намалување на бројот на мигрантите кои доаѓаат во Европа.
Ново на Сител
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
