Туск во Скопје на средба со Иванов

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе ја посети Република Македонија. Тој во Скопје ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.
Претседателот Иванов, како што информира неговиот кабинет, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.
Посетата на Македонија на првиот човек на ЕУ се реализира во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, како и во контекст на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите. Најавите од страна на турскиот претседател Ердоган за прекин на приемот на мигранти претставува голема закана за Европа, пред се, за балканските држави, што е причина за алармирање на Европската Унија.
Ова е трета посета за две години на Туск на Република Македонија. На последната средба во март 2016 година, Туск и претседателот Иванов дискутираа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија и беше дециден дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза. Македонскиот претседател тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност.
Ново на Сител
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
-

Над 256 илјади случаи на сексуално насилство во ЕУ во 2024, во Македонија 131
-

Централна прослава по повод Денот на полицијата - 7 Мај
