Тужба против Трамп за силување

Жената која го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека ја силувал пред повеќе од 23 години во продавница во Њујорк, денеска поднесе тужба против него за неговите изјави во јуни во кои негираше дека ја нападнал.
И. Џин Керол (E. Jean Carroll), долгогодишна колумнистка на списанието „Ел”, во тужбата поднесена во суд на Менхетн наведува дека Трамп лажел кога тврдел дека не ја нападнал и ги довел во прашање нејзините „интегритет, чесност и достоинство” со своето објаснување зошто јавно проговорила за инцидентот.
Портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам за „Вашингтон пост” изјави дека „тужбата е бесмислена и приказната е измама – исто како и авторката”.
Џин Керол во јуни во списанието „Њујорк” ја објави приказната за наводното силување во продавницата „Бергдорф Гудмен” на Петтата авенија во Њујорк, за кое тврди дека се случило меѓу есента 1995 и пролетта 1996 година. Приказната е извадок од нејзините мемоари што треба да бидат објавени следниот месец.
Трамп тогаш рече дека никогаш не ја силувал и никогаш не ја запознал. Тој ја обвини дека лаже и оти го сторила тоа за да ја поттикне продажбата на нејзината книга.
Уште десетина жени го обвинија Трамп дека сексуално ги злоставувал, додека тој ги негира сите наводи.
Ново на Сител
-

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож
-

Уапсени пет лица, од кои еден малолетник во акциска контрола на Мобилната единица на МВР
-

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава
-

Мицкоски: Македонија е прва земја од Европа која има ваков вид стратешки дијалог со САД
-

Зголемена фреквенцијата на Ќафасан, Албанците од соседството по гориво и храна во државава
-

АХВ спречи ризик од внесување на заразни болести во земјава
-

Мицкоски за Денот на Ромите: Ова не е ден само на зборови, туку и на одлуки, нашата визија почнува со достапно образование за секое ромско дете
-

Следува период на променливо облачно и стабилно време
