-->
-->
Tврделе дека е убиец - Невин лежел во затвор 33 години
-->

60 годишниот Кеит Ален Харвард тврдел дека е невин и дека не одговара на описот кој го дале сведоците. Тој е пуштен минатиот петок после судската одлука. ДНК тестот го ослободил. Тој во затвор невин бил цели 33 години.
Во 1982 година Харвард е осуден за убиството на Џеси Перон со метална шипка и силување на неговата сопруга додека нивните три деца спиеле, пишува NBCNews.

Тогаш е утврдено дека угризот на жената се поклопува со забите на Харвард. Но ДНК анализата докажува дека виновен за ова е Џери Кроти, кој бил морнал исто како Харвард и негов колега. Кроти починал во 2006 година додека служел казна затвор за киднапирање и кражба. Харвард тврдел дека не е крив и дека не одговара на описот на убиецот кој го дале сведоците.
САД во 2015 ослободија 149 луѓе кои биле осудени невини. Секој од нив во просек бил во затвор 14 и пол години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
