У-19: Избраниците на Станојковиќ ја „растурија“ Финска
Репрезентацијата на Македонија до 19 година забележа убедлив триумф од 5:0 против Финска на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран на теренот со вештачка трева на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Филип Стојчевски со гол во 15. минута ја најави убедливата победа, а потоа свој печат ставија Јани Атанасов со погодок од пенал во 52. минута и најдобриот играч на теренот, Бојан Колевски со хет-трик. Играчот на Вардар беше прецизен во 54., 58. и 89. минута.
Голем удар за селекцијата предводена од ВУјадин Станојковиќ е повредата на Миле Тодоров. За овој двомеч Станојковиќ ги нема на располагање Димитар Митровски, Ељиф Елмас и Дарко Чурлинов.
Во март ќе ги играме квалификациите во Елитната фазаза пласман на ЕП, а почнуваме со Летонија на 21. март. Во Скопје гости ќе ни бидат и Унгарија, селекција со која ќе ги одмериме силите три дена подоцна и главниот фаворит Англија за завршница на турнирот, на 27. март.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ