У-19 (ж): Македонија подобра од Албанија
Женската репрезентација на Македонија до 19 години со 3-1 победи против Албанија на првиот од двата пријателски натпревари.
Иако гостинките го отворија резултатот со голот на Иларја уште во 3та минута, не стигнаа долго да се радуваат на водството. Во 6та минута Теодора Димоска го постигна израмнувачкиот погодок, а две минути подоцна Моника Котева биеше за водство од 2-1. Конечните 3-1 ги постави повторно Димоска со гол во 14та минута.
Во 37та минута од натпреварот беше досуден пенал за гостинките, за старт врз Уенди, но Панчурова со својата одбрана не дозволи резултатско приближување.
„Одлично прво полувреме. Голот го примивме по грешка на нашата одбрана, но многу брзо успеавме да се вратиме, па и да стигнеме до водство. Многу сум задоволен од изданието на нашите фудбалерки и се надевам дека ваквата одлична игра ќе се повтори и на вториот натпревар задутре, кога шанса ќе добијата фудбалерките кои денес имаа помала минутажа“ -изјави селекторот Астрит Мерко.
За репрезентацијата на Македонија до 19 години настапија следните играчи: Панчурова (Лекоска), Јанкуловска (Стефановска), Николовска, Хусеин, Гоцевска (Китанова), Максути (Танеска), Котева (Јанкоска), Димоска, Чубриновска (Игнатовска), Шемшовиќ, Стојчевска (Симоноска).
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
