-->
-->
Уапсен 21 годишник кој извршил тешка кражба во куќа во Кочани
-->

Во Кочани, вчера од страна на полициски службеници од ОВР Кочани е лишен од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, информираат од МВР.
-На 07.07.2021 во ОВР Кочани беше пријавено дека околу 12.00 часот непознат сторител од куќа на ул.„Евлија Челеблија“ во Кочани одзел пари, накит и други предмети. Набрзо од страна на полициски службеници утврден е идентитетот на сторителот Р.А., кој е приведен, а дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По комплетно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани, соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
