Уапсен 23-годишен скопјанец осомничен за учество во ИД во Сирија

На пријавениот од надлежниот суд во отсуство му беше изречена мерка притвор. Според сознанијата, пријавениот пролетта оваа година бил припадник на т.н. исламска држава во Сирија. Тој и претходно бил познат сторител на насилни имотни кривични дела.
Оперативната акција „Ќелија“ беше реализирана на почетокот на август годинава како резултат на повеќемесечна координирана истрага во која беа собрани докази за лица кои учествувале во паравоени формации, во собирање финасиски и други логистички средства за потребите на паравоени формации, како за врбување и поттикнување лица да се приклучат во паравоените формации.
Исто така, беа собрани и докази за сокривање лица кои веќе учествувале во паравоени формации надвор од територијата на РМ или, пак, се обиделе во тоа. Во рамки на акцијата беа извршени 28 претреси во Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово и Струга, беа запленети поголема количина технички средства (копјутери, лаптопи, таблети, мобилни телефони...).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
