-->
-->
Уапсен 27-годишник од Македонска Каменица, со 1,70 промили алкохол управувал со возило
-->

На 05.04.2025 во 01 часот во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода Д.М.(27) од с.Тодоровци, Македонска Каменица. При извршена контрола на патничко возило „даеву матиз“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал пријавениот, констатирано било дека бил под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во Полициската станица Делчево.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобзирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред пратениците
-

СДСМ: Кандидатот за претседател на РКЕ, Ацо Ристов, е дел од бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
