Македонија
25. December 2021 - 16:06

Уапсен маж кој низ Скопје се шетал со 4.461,6 грама хероин

 Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничениот, на 24 декември, на булеварот „Босна и Херцеговина“ во Скопје, неовластено заради продажба држел кај себе вкупно 4.461,6 грама наркотична дрога – хероин, спакувана во девет правоаголни пакувања. Дрогата била пронајдена при личен преглед, во ранецот на осомничениот и веднаш е одземена, наведуваат од ЈОРМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност да се даде во бегство и можност да го повтори делото.