Уапсен Сириец кој призна дека го извршил нападот со нож во германскиот град Солинген
Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети.
Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф.
Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи завчера вечер на фестивал по повод одбележувањето на 650-годишната од постоењето на градот.
ИСИС не објави никакви докази за своето тврдење. Во минатото, многу пати ИСИС лажно преземаше одговорност за злосторства. Сега се чека разузнавачките служби да проценат дали тоа е точно тврдење.
Пред да биде уапсен властите синоќа соопштија дека осомничениот е поврзан со засолниште за бегалци во Солинген, во кое била извршена рација.
Регионалниот министер за внатрешни работи Херберт Реул изјави дека полицијата го уапсила „вистинскиот осомничен“.
Германските медиуми синоќа јавија дека мажот и се предал на полициската патрола, а неговата облека била крвава и валкана.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад