Свет
2. March 2018 - 12:12

Уапсени двајца грчки војници кои залутале во Турција

 Двајца припадници на грчката Армија се уапсени од турска воена патрола, откако поради лошите временски услови залутале и илегално ја поминале границата меѓу двете земји во реонот на реката Марица.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, случајот го потврди Генералштабот на Армија на Грција, соопштувајќи дека грчките власти се во континуирана комуникација со турските колеги и дека во тек е постапката за враќање на војниците во Грција, кои сега се наоѓаат во турскиот град Едрине.

- Во четвртокот на 1 март 2018 воена патрола составена од двајца припадници на војската, во рамките на вообичаена патрола на граничниот шумски предел Кастаниес кај Марица, поради неповолните временски услови, се чини дека биле забележани од страна на турска патрола на турска територија, се наведува во соопштението на Генералштабот на грчката Армија.

Грчките медиуми наведуваат дека настанот се случил во текот на ноќта на копнениот дел во близина на реката Марица, каде што во изминатите денови временските услови се многу лоши просчедени со снежните врнежи, а со тоа и е намалена можноста да се лоцира и забележи граничната линија.

Според истите информации, војниците се професионалци, а не лица на отслужување на задолжителниот воен рок.