-->
-->
Уапсени две лица кои краделе од вагони на Железничката станица во скопско Трубарево
-->
Вчера во 21.30 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(31) од Куманово, а совозач бил А.Ј.(33) од Скопје, соопштија од МВР.
При преглед во возилото биле пронајдени предмети од претходно извршена тешка кражба.
Двајцата биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
Заедно со предметите тие биле предадени во Полициската станица Гази Баба и во извршениот разговор изјавиле дека тешката кражба ја извршиле истиот ден од вагон на Железничката станица во Трубарево.
По целосното документирање ќе следи соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети
-
Оскар на хуманост од Црвениот Крст за Сител Телевизија
-
Врнежите од дожд не се добредојдени за пчеларството во Македонија
-
Преглед на вести од светот
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата