Македонија
4. November 2021 - 20:20

Уапсени разузнавачи од АНБ, рекетирале познати скопски бизнисмени

Полицијата уапсила неколку припадници на Агенцијата за национална безбедност по налог на шефицата на Обвинителството за гонење огранизиран криминал и корупција, Вилма Русковска, објави „Слободен печат“.

Според порталот, припадниците на АНБ рекетирале познати скопски бизнисмени.

-Станува збор за истражители на АНБ кои ја злоупотребиле својата положба и преку креирање на фиктивни кривични пријави уценувале сопственици на угледни компании, потврдија од МВР за „Слободен печат“.

Според пишувањата на порталот, еден од приведените е фатен со 5.000 евра поткуп кој го изнудил од уценувана жртва во локал во скопски Карпош.

Полицијата ги запленува и компјутерите и телефоните на разузнавачите од АНБ кои се вмешани во скандалот со рекет на угледни бизнисмени.

МВР повеќе детали за оваа акција ќе соопшти во текот на утрешниот ден.

Ново на Сител