-->
-->
Уапсени тројца полски државјани откако провалиле во воени магацини, па се дале во бегство
-->

На 29.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка ги лишија од слобода тројцата полски државјани К.В. (49), О.А.Б. (56) и С.К.З. (55), кои откако на 28.09.2026 со четирицикли (заедно со други четворица полски државјани кои веднаш беа лишени од слобода) оштетиле влезна врата од објект- воени магацини во место викано „Еребино“, по што се дале во бегство.
По преземени мерки, тие се лишени од слобода поради сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти“ по член 350 став 1 од Кривичниот законик и по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
